Американско хемиско друштво објави дека уринирањето во море или океан воопшто не е штетно.
Тие објаснуваат дека е сосема во ред олеснувањето во море.
Имено, човековата урина се состои од 95 проценти вода, а натриум хлоридот кој се наоѓа во неа не ја загадува водата, ниту пак може да ги загрози билките и животните кои што живеат во морето.
Научниците додаваат и дека не би се причинила апсолутно никаква штета дури и доколку сите жители на Земјата истовремено мократ во море.
„Урината е безопасна, а кога се разредува со морската вода, станува безначајна за само неколку секунди. Постојат многу поштетни работи во морињата или океаните од човековата урина“, истакнува биохемичарот Стјуарт Џоунс.
Иако неодамнешно истражување покажа дека 62 проценти од луѓето уринираат во морските води, тоа го прават и животните кои што живеат во него, а еден кит дневно во водата испушта 970 литри урина. Од друга страна, експертите предупредуваат дека би требало да избегнувате мокрење во базените.
Прочирај повеќе: За жал, очите после капење во базен не се црвени само од хлор