Компанијата „Blendtec“ која се занимава со производство на блендери, стана позната по уникатниот начин на рекламирање на сопствените производи.
Имено, во секое ново издание тие стават некој различен тврд предмет, меѓу кои до сега било покажано и како изгледа сецкањето на iPhone. Во видеото кое тие последно го објавија на нивниот YouTube, покажуваат како изгледа мелењето на неодмиум магнет.
Овој редок метал е познат како ислучително силен магнет и во светот стана познат по тоа што од него се изработуваат разни играчки за деца. Неговиот изглед се состои од мноштво ситни топчиња кои се соединуваат и д нив се прават разни облици.
За да би се ослободил од оваа „опасна супстанца“, Том Диксон, главниот актер на рекламната кампања „Blendtec“, одлучи да ја вметне во блендер. Резултатот е неверојатен.