Што се случило тука?

Асфалтираниот пат во Санта Клара во Калифорнија сосема се извитоперил за само три дена, а никој не знае зошто.

put_1000x0

Прво се појавила мала пукнатина на патот во кањонот Васкез, а потоа сè се претворило во апокалиптична сцена, па локалните власти ја затвориле сообраќајницата и ја чуваат од авантуристи, скејтери и бајкери кои што сакаат да ја испробаат.

Како што јавуваат локалните медиуми пукнатината е долга 60 метри, а некои делови на патот се воздигнале на висина од 4,5 метри.

Професорот Џереми Бојс вели дека не му е јасно што всушност се случило, бидејќи немало земјотрес ниту некои поголеми непогодби поради кои што би можело да се случи тоа.

- Реклама -