Што сѐ може да направите со кора од портокал

После ова ќе ви биде многу жал што сте ги фрлале корите од портокал.
Повеќето луѓе ја фрлаат кората од портокалот, но можеби ќе се уверите дека тоа е голема грешка откако  ќе дознаете што сѐ можете да направите  по јадењето на ова вкусно овошје.

Рерна

После чистењето на рерната може да се појави  непријатен мирис. Ослободете се од него, така што на тавче  ставете кора од портокал и укучете ја рерната на 180 степени. Оставете ја половина саат. Не само што рерната ќе добие свеж мирис, туку и цела кујна ќе замириса на портокал.

Чевли

Ве мачи непријатниот мирис на кондурите? Ставете во нив кора од портокал и оставете  ги да отстојат. Кората ќе ја апсорбира влагата, и ќе остави свеж и пријатен мирис.

Фрижидер

Еден од најдобрите начини да се ослободите од непријатниот мирис од фрижидерот е со кора на грејфрут или портокал. Додајте сол на кората и ставете ја во задниот дел на фрижидерот. Се остава додека целосно не се намокри, а ако е потребно повторете ја постапката.

За готвење

Многу од лековитите состојки по кои е познат портокалот се наоѓаат толму во кората. Затоа, ако портокалот е од органско земјоделство, исушете ја кората и подоцна користете ја за правење на овошни салати, сирупи, сокиви и колачи.

Освежувач на воздух

Откако ќе го излупите портокалот, не ја фрлајте кората. Во текот на зимата, кога грејните тела се уклучени можат совршено да послужат како освежувач на просторот. Ставете на радијаторите кората од портокал и уживајте во освежувачкиот мирис кој ќе го исполни вашиот животен простор.

Направете свеќа

Додека портокалот е сеуште цел, кората пресечете ја со нож токму во средината. Потоа една половина од кората полека одвојте ја од портокалот, во едно парче, внимавајќи белата корупка да остане на неа за да се искористи како фитил. Во кората додадете маслиново масло и малку прелијте го фитилот.

Во приложеното видео можете да видите на кои сѐ начини можете да направите свеќи дома, вклучувајќи ги и тие од портокал:

[youtube]http://youtu.be/dHLmKDqUGUA[/youtube]

 

- Реклама -