Што се’ има 12000 километри под земја

Најдлабоката вештачка дупка на Земјата е длабока 12.129 метри, а прекриена е само со кородиран метален капак уште од времето на Советскиот сојуз.

Руската супердлабока бушотина Кола ја направиле Русите во име на науката, за да дознаат што има под нас.

Поради тоа копале во недоглед. Проектот за бушење на Земјината површина почнал во близина на Мурманск во 70-тите години, кога советските научници сакале да ја истражат Земјината кора.

Во текот на две децении ископале повеќе од 12 километри, меѓутоа морале да го сопрат бушењето во 1992-ра година, бидејќи температурата била 180 степени, што било потопло од тоа што предвиделе научниците.

Експертите допрва треба да сфатат како да ја надминат оваа температурна препрека ако сакаат да бушат понатаму, а да не ја уништат сета опрема.

И покрај се, веќе дошле до неколку научни откритија. Откриена била вода на 12 километри, иако биле уверени дека тоа е невозможно.

Пронашле и 24 нови видови долго изумрени клеточни организми и дошле до камен стар 2,7 милијарди години.

Супердлабоката бушотина Кола има дијаметар од 23 центиметри, а нејзиниот метален капак е заварен, па никој не може да падне внатре.

Меѓутоа, тоа што привлекло најголемо внимание и тоа што оваа дупка ја направило позната и во светот се чудните звуци.

Локалните жители велат дека дупката е толку длабока што може да се слушнат врисоците на луѓето кои ги мачат во пеколот, поради што ја нарекле и “бунар до пеколот”.

“Прво мислевме дека звукот доаѓа од нашата опрема, но кога проверивме се остварија нашите најлоши сомненија. Тоа не беше врисок на еден човек, туку на милиони”, рекол археологот Азаков.

Тогаш рекол дека, и покрај тоа што бил комунист, и не верувал во рајот од Библијата, повредува дека ова е пеколот.

“Знаеме што видовме и што слушнавме. И апсолутно сум сигурен дека копавме до капијата на пеколот”, додал геологот.

Сепак, повеќето снимки кои може да се најдат на интернет се, како што се воспоставило, од филмот “Baron Blood” од 1972-ра година.

Инаку, ако паднете во таа дупка, ќе ви бидат потребни 3,5-4 минути да паднете на дното.

Многу земји сакале да бидат првите кои ќе ја пробушат Земјината кора во текот на Студената војна, а денес Јапонија планира да го постави тој рекорд.

- Реклама -