Бојата на очите е една од карактеристиките кои ги наследуваме од своите родители.
Но, освен што краси нашиот поглед, овој детал може да открие многу работи за вас и вашиот карактер. Ги издвоивме најчестите бои на очи и ги најдовме карактеристиките кои најдобро ги опишуваат. Најди ја својата боја и откриј нешто повеќе за себе.
Кафени очи
Кафеавата боја е најчеста боја на очи во светот. Луѓето со кафени очи се самоуверени и интересни. Таа е моќна боја која е поврзана со земјата и опишува едноставност, креативност и позитивност. Таквите луѓе се независни и љубезни и сакаат да стекнуваат нови пријателства. Сакаат да пробуваат нови работи во животот.
Иако се одлучни и самоуверени понекогаш имаат проблеми со разбирањето на другите и изразувањето на своите чувства. Тие се одлични љубовници и партнери, и тие се луѓе од доверба.
Очи со боја на лешник
Бојата на лешникот (леска) опишува прекрасна мешавина на кафена и зелена боја која едноставно го одзема здивот. Зборот кој најдобро ги опишува личностите со ваквите очи е елеганција. Тоа се многу спонтани и забавни луѓе со авантуристички дух. Многу се прилагодливи и храбри, сакаат разноликост, а монотонијата е нивен најголем кошмар.
Сакаат да пробуваат нови работи и се многу привлечни личности. Што се однесува до љубовта, многу се сензуални, но и пребирливи и ќе ја одберат само „онаа вистинската“ личност. Но, имаат и една „опасна“ особина, а тое е брзиот темперамент кој понекогаш тешко го држат под контрола.
Зелени очи
Зелената боја на очи е најретка боја на очи. Зелените очи секогаш изгледаат свежо и заводливо. Луѓето кои ја поседуваат оваа боја на очи се мистериозни и интригантни. Главни карактеристики им се интелигенција и снаодливост и обожаваат да пробуваат нови нешта.
Максимално уживаат во животот и со страст пристапуваат кон работата која ги исполнува. Тие се многу убави личности, а една опасна особина им е љубомората која многу тешко ја држат под контрола. Тие се полни со енергија и сочувство кое го чувствувааат сите околу нив.
Сини очи
Има нешто многу моќно кај сините очи, нешто што привлекуа како магнет. Токму заради тоа сините очи се сметаа за најпосакуваните во светот. Личностите кои ја поседуваат оваа боја на очи се паметни, срдечни и полни со младост и живот. Овие луѓе уживаат во љубовта, и најчесто имаат долги врски и се полни со енергија.
Најчеста особина им е желбата и потребата да ги направат среќни сите кои си сакаат, и се подготвени да направат се за тоа да го постигнат. Синооките луѓе го забележуваат секој детал и понекогаш знаат да бидат малку критични. Тие уживаат во љубовта и долгите врски и се најискрени и најпосветени партнери. Кога ќе се заљубат, за својата љубов се подготвени да направат баш се.