Што работеа големите писатели за да го вадат лебот

Писателите често го вадат лебот од извори што се тотално неповрзани со нивното пишување. Без разлика на професијата, многу од нив го одработуваат времето додека да стигнат дома и да седнат да го прават тоа што најмногу го сакаат. Да, денес е тоа вообичаено, но не се однесува само на овие и на идните времиња – и некои од најголемите автори морале да работат регуларни, или во некои случаи – изненадувачки работи.

Вилијам ФолкнерWriters-Day-Jobs-William-Faulkner[1]

Ја има напишано „Додека умирав“ – една од книгите што му ја донесе Нобеловата награда за литература во 1949, додека работел како супервизор во ноќна смена во универзитетската електрична централа.

Харуки Мураками Writers-Day-Jobs-Haruki-Murakami[1]

Сега е интернационално познат, но Мураками ја напиша неговата прва книга „Слушни го ветрот како пее“ додека водеше џез/кафе бар во Токио. Баш таму ја запознал и својата сопруга.

Курт Вонегат

Writers-Day-Jobs-Kurt-Vonnegut[1]

Откако служел во армијата за време на Втората светска војна (за што доби и орден Purple Heart за измрзнатини), Вонегат работел како публицист за General Electric, а потоа го менаџирал и првиот салон на автомобилската компанија Saab во Америка. За сето тоа време, пишувал кратки приказни и есеи за разни магазини.

Стивен Кинг

Writers-Day-Jobs-Steven-King[1]

Додека пишувал и објавувал кратки приказни, Стивен Кинг работел сé што ќе најдел за да заработи пари. Меѓу другото, и како чистач, и на бензинска пумпа, и во текстилна фабрика.

Агата Кристи

Writers-Day-Jobs-Agatha-Christie[1]

Кристи ја напиша првата детективска новела „Мистериозната афера во Стајлс“, додека работела во аптеката на болницата на Црвен Крст во Торквај, Англија. Очигледно, таму научила многу за отровите, што ќе се покаже како корисно во нејзината работа.

Џ. Д. Селинџер

Writers-Day-Jobs-JD-Salinger[1]

Едно време бил ентертејнмент директор на шведски луксузен крстосувач.

Брем Стокер

Writers-Day-Jobs-Bram-Stoker[1]

Стокер ја напиша „Dracula“ додека работеше како менаџер во  Lyceum Theatre во Лондон. Го замислувал Хенри Ирвинг – славниот актер и сопственик на театарот – како го игра вампирот тој лично.

Даглас Адамс

Writers-Day-Jobs-Douglas-Adams[1]

Додека пишувал за радио-шоуата и Монти Пајтон, Адамс работел како приватен бодигард на семејството на еден нафтен тајкун од Катар.

Т. С. Елиот

Writers-Day-Jobs-TS-Eliot[1]

Преку ден, Елиот бил обичен банкарски работник. Преку ноќ, тој компонирал делови од најважната и највлијателна светска модерна поезија.

Владимир Набоков

Writers-Day-Jobs-Vladimir-Nabokov[1]

Во негово време, ловот на пеперутки бил популарна забава за руските интелектуалци. Набоков го однел хобито чекор подалеку, објавувајќи неколку тези околу овие суштества, и работејќи како куратор во Музејот за компаративна зоологија на универзитетот Харвард.

Харпер Ли

harper-lee1[1]

Пред да ја напише „Да убиеш птица подбивница“ – книга која подоцна се продаде во 30 милиони примероци, Харпер ли беше обична служителка во авиокомпанија од Њујорк.

- Реклама -