Победникот на балканската „Операција триумф“ – 2008, Аднан Бабајиќ, дури во 2011-тата го издал во својот роден крај, долгоочекуваниот албум кој го доби како награда во шоуто.
Но… Никој надвор од Босна, не слушна ниту за него, ниту за албумот, а за време на Операција Триумф беше актуелен во сите Ex Yu држави, а воедно му беше ветувана светска слава како победник, договори и што ли уште не.
На албумот се појави и песна компонирана од Емина Јаховиќ, а по издавањето пејачот најави промоција во Белград и Сараево, како и почеток на кариерата.
Сепак ништо, публиката веќе го заборави не само него, туку и сите учесници во шоуто кои имаа неколку кратки обиди за започнување на кариера во своите земји.
Инаку, Аднан веќе со години „тезгари“ по кафаните и фолк локалите. Тој истакнува дека обожува севдалинки, а не крие дека во слободно време помага во работата на селскиот имот.
Не сметајќи го успехот на шоуто, поголем успех досега нема направено. Прашањето е, дали некогаш ќе се случи?
Тој неодамна, сепак се појави со изјава за еден портал во Србија, по ова прашање зошто го нема никаде и покрај очекувањата, па по тој повод одговори:
Вака изгледаше тогаш
Вака изгледа сега
Музичките шоуа од овој тип, засега се покажуваат како краткорочна огромна популарност што избледува по некое време. Докази за тоа се победникот од Операција триумф, Јас имам талент, Идол…и бројни други помали избори на таленти.
Од срце се надеваме дека на победникот на X factor, навистина ќе му се отворат портите кон светската слава.