Што помага при убод од инсект?

Постојат многу начини како да се ублажат непријатните болки после убодот од инсекти. Неколку капки мед сигурно ќе го смират отокот, а и делува антибактериски.

Чешањето, отокот и црвенилото после убодот од комарци или други инсекти би можеле да бидат навистина непријатни.

studio37_honey_shutterstock

После убод од комарец, на кожата останува протеин на кој нашиот имунитет реагира. Лачи хастамин кој предизвикува црвенило и чешање на „каснатото“ место.

Доколку реакцијата е посилна од вообичаеното, и се појават симптоми на алергија, треба да посетите дерматолог кој ќе ви даде соодветен третман. Убодот од комарец може да се искомплицира доколку кожата се расчеша и се инфицира.

- Реклама -