Долгото чекање понекогаш и се исплати, но статистиката вели дека шансите се поголеми да ве чини развод.
Николас Волфингер – социолог на Универзитетот во Јута предупредува дека ризикот вашиот брак да заврши со развод се зголемува со секоја година чекање откако ќе наполните 33.
Па, кој е совршениот тајминг?
Според податоците од националната анкета на Family Growth, социологот сугерира дека најдобрата возраст да го кажете „судбоносното ДА“ е периодот од средните до доцните 20-ти години од животот. Браковите склучени на оваа возраст тежнеат да завршат со „среќно си живееја…“ наместо со бракоразводен договор.
„Мојата анализа покажува дека на возраст помала од 32 години, секоја година помината во брак ги намалува шансите за развод за 11%“, вели Волфингер.
Но, не очајувајте. Филип Коен – социолог од Универзитетот во Мериленд, има приговор на тезата на Волфингер. Користејќи податоци од American Community Surveys, Коен заклучува дека и склучувањето на брак во подоцнежните години од животот ги намалува шансите за развод. Како што тврди тој, превидот на Волфингер е што не го земал во предвид фактот што разводот стана многу поприфатлив во последните четири декади.
Заклучокот е: Не мора да избрзувате со свадбата само за да го искористите совршениот тајминг. Ќе имате и друга шанса, подоцна. Само гледајте да не се најдете некаде на средината.