А што ни фали вака?

Да, општеството ни е далеку од перфектно и се соочуваме со многу проблеми. Да, тие проблеми се главната тема на аргентинскиот илустратор Ал Марген. Но за разлика од другите слични илустратори, Марген е многу самокритичен и не се однесува како да ја открил Америка и сега сака да ни ја покаже на нас „слепите“.

Не, туку за илустрацииве вели дека се настанати од досада, неконформизам и гнев. Тие се репрезентација на баталени идеи и ѓубре на потсвесното. Но тоа што не се цртани за да ја задоволат публиката (т.е. за лајкови) ги прави многу поискрени и послободни.

 

- Реклама -