Што научи Морган Фримен

landscape-1457047366-morgan-lead[1]

Има 78 години и е универзално познат, и пред сé – сакан. Во интервју за Esquire, легендарниот Морган Фримен споделува што научил за време на петте декади откако работи.

Кога имав околу 21 година, некој ми рече: „Не барај неволји“. Се трудам да го следам тој совет, но неволјата е најлесното нешто за наоѓање во светот.

Неодамна почнав да играм голф. Голфот е навистина прекрасна игра бидејќи има толку многу нешта во него што се како животот – никогаш нема да го совладаш. Тешка лекција е, бидејќи се бориш за да се подобриш. И да, ќе се подобриш. Но, никогаш нема да бидеш задоволен со својот напредок. Секој прогрес е само скала кон скалата над тебе, а ти само продолжуваш да се обидуваш да се искачиш.

Отсекогаш сакав да летам. Кога бев дете, правев авиони од хартија и сонував дека можам да летам. Имав многу сонови во кои паѓав, но никогаш не ја удрив земјата. Некако, секогаш успеав да избалансирам и да порамнам. Конечно научив ‘како’, во 2002-та.

Предупредување: можна е метафора: Најтешкото нешто кога учиш да леташ е да научиш да зборуваш на радиото. Мораш да слушаш и да разбираш што ти велат и што тоа значи. Некогаш има многу дрдорење бидејќи има многу авиони во воздухот и има многу инструкции, па остануваш сам на себе. Тоа е добра лекција, исто така.

Постои некаква закрила што некако ќе те одведе во насоката во која што сакаш да одиш. Твое е да најдеш што е тоа што сакаш да го правиш.

47697387.cached[1]

Глумата доаѓа природно. Не е глума ако мораш да учиш.

Пораснав на сцена. Имав 8 години кога прв пат глумев. Таму припаѓав. Од тогаш, сé друго е само последица.

Мојата титула отсекогаш била „Актер“. До сликата од средно ми пишува „актер“.

Пораснав во Мисисипи и таму завршив средно училиште. Холивуд е далеку. Но, секогаш има едно нешто во твоја полза: автобусот врви. Сé што ти треба е малку храброст. Има луѓе што никогаш немаат отидено подалеко од 100-тина километри од таму каде што пораснале. А има и луѓе како мене. Подготвен сум да одам било каде. А така и пораснав – мајка ми беше таква. Се качуваш на автобус и одиш.

Живеев во Лос Анџелес кога прв пат излегов од војска и поминав една година пешачејќи. Немав друг начин да стигнам некаде. Не познавав никој со кој можев да зборувам. Тогаш купив кола и одеднаш сите жени ме поздравуваа. Тоа беше бел 1951 Форд кабриолет. Значи, немој да живееш во Лос Анџелес пешачејќи. Набави си возило.

Секогаш мислев дека кариерата е на прво место. Семејството е механизам за поддршка. Не работи во обратен правец.

Едно од нештата што често им го велам на младите луѓе, особено на моите деца, е: „Добиваш тоа што сакаш“. Правам дистинкција помеѓу „сакам“ и „би сакал да имам“. „Сакам“ е тоа што го закачуваш на вратата од фрижидерот. Ќе се фокусираш на тоа и ќе го добиеш. Ќе се случи. Незапирливо е.

Не мислам дека мојот глас е поразличен од гласот на било кој друг најавувач. Ја учиш дикцијата и ритамот. Колку повеќе го користиш, толку е подобар.

- Реклама -