Што најмногу ги нервира келнерите по локалите?

Издвојуваме неколку работи што ги правиме по кафулињата, а келнерите ужасно ги мразат.
Реално, оние кои никогаш не се занимавале со оваа професија не обрнуваат внимание на своето однесување по кафулињата.

Дали знаете кои работи ги доведуваат до лудило вработените во угостителската дејност? Еве го одговорот:

1. Извини? Извини? Еееееј! Извини!

Не грижете се, ве слушнаа. Не само вработените, туку веројатно и сите гости во локалот. Почекајте барем една минута, пред да довикувате по втор пат.

2. Мастика во пепелник

Тоа ја отежнува работата на вработените. Секогаш можете да ја завиткате во хартија пред да ја залепите врз пепелникот пред вас.

3. Не сакам ништо. Всушност, може чаша вода со мраз

Со ова спаѓате во групата клиенти кои не носат профит, а сепак треба да бидат услужени.

4. Не е проблем да го изедам ова од пекарата тука?

Каде што е кифлата, тука е и јогуртот. Ретко кој ќе ви забрани да изедете нешто што сте го понеле ( освен ако таму служат храна), а вие зад себе оставате трошки, кеси и празни чаши од јогурт.

restaurant-service-complaint-ftr

5. Чекај да ти пуштам песна

Ова воглавно подразбира паметен телефон, каде звукот е до максимум. Веројатно песната и се допаѓа само на личноста што ја пуштила, а другите нервозно гледаат во келнерот да превземе контрола врз ситуацијата.

6. Извинете, дали е отворено?

Нема потреба дополнително да проверувате ако во кафичот веќе има луѓе, а музиката е пуштена.

7. Извини, можеш да ја попуштиш музиката?

Најчесто се договараат во локалот, до кое ниво ќе биде гласна музиката.

8. Традиционално домашно кафе

Превртени шолји, ливчиња, исшарана тацна – хаос.

9. Лелеее, не знам што да пијам

Колку тешко може да биде? Почекајте… само уште малку… момент… Извинете вратете се подоцна.

10. Може едно капучино со шлаг?

Оваа пијачка не постои. Капучиното е всушност еспресо со млеко и голема количина млечна пена. Тука е невозможно да се додаде шлаг.

11. За мене едно експресо

Зборот кој го барате не содржи „К“.

12. Ноќни птици

Нарачки во 23: 55. Можеби поради сопственикот ќе ви биде исполнето барањето, но тоа е надвор од нивното работно време. Оставете барем бакшиш.

13. „Го знам газдата“

Нарачувате и му велите да го поздрави газдата, како некое предупредување дека сте надмоќни па мора брзо да ве услужи. За таквите имаме една супер статија – Седум разлики меѓу селанец и сељак во Македонија

- Реклама -