Што можеме да научиме за креативноста од џез музичарите?

Набљудувајќи го свирењето на џез музичарите, можеме да се здобиеме со впечаток дека тие создаваат музика на надчовечки начин.

Благодарение на невронауката веќе постои истражување на мозочната активност додека импровизираат. Тоа дава јасност во врска со невролошкиот аспект на креативноста. Излегува дека овој процес е достапен и за нас.

jazz

Лимб, кој е истражувач и музичар, заедно со неговиот тим подготвуваат пластична клавијатура на која џез музичарите можат да свират додека процесите во мозокот им се следат преку магнетна резонанца. Истражувачите ги замолуваат музичарите да свират композиција која ја знаат, а потоа да импровизираат со друг музичар. Така Лимб успева да добие слики на нивниот мозок во овие клучни моменти.

Кога музичарите почнуваат да импровизираат, активноста на мозокот се менува и делот одговорен за контролирање на изразувањето и перцепцијата станува помалку активен. Така се исклучува самоцензурата, а тоа доведува до создавање на нови идеи.

Интересно е тоа што импровизираниот мозок вклучува многу од истите мозочни центри, кои се активираат при употребата на јазикот. Ова ја поддржува идејата дека импровизацијата меѓу музичарите личи на нивен сопствен јазик.

Истиот принцип може да се примени и во други области, на пример за т.н. “креативна дупка”. Потешко можат да ни паднат на ум идеи кога премногу напорно се обидуваме да ги изнудиме. Кога постои напон и мозокот активно размислува нешто, тоа може да влијае на веќе добро совладаните процеси и да ја намали презентацијата, а тоа дополнително ја засилува самоцензурата.

distractie-1-_1449483087

Креативноста може да се развива

Креативноста не е непознат, мистичен квалитет, туку вештина која може да се развива. Треба да се посветиме на овој начин на размислување и одредени однесувања, а добро е тоа да започне од рана возраст. Колку повеќе работи се прават во оваа насока, толку повеќе резултати се постигнуваат.

Проблемот е што децата, а и возрасните, не добиваат неструктурирано време на училиште или на работа. Училиштето се базира на правилни или погрешни одговори, а тоа речиси не им остава простор на учениците да стигнат до нови идеи и работи. Со сето ова насочување и структурирање на времето се одзема радоста од многу процеси.

Затоа, пронајдете време за спонтано и непринудено истражување и експериментирање.

За да бидат креативни децата и возрасните треба да посветат време на импровизирана и слободна игра, за да можат да истражуваат и да експериментираат со нови идеи и работи.

Даниел Троев – психолог и психотерапевт од Софија

- Реклама -