Што крие вашиот телефон? Дознајте со помош на 32 тајни кода

Нормално, треба да имате на ум дека не може секој андроид уред да ги подржи сите кодови.
Уште во ерата на обичните мобилни телефони, корисниците знаеле за постоењето на „тајни кодови“  кои би им овозможиле увид во нештата кои обично се скриени од видот, а наменети се за тестови на различни мобилни оператори.

Голем дел од тие кодови се достапни и денес, а доколку знаете што ви треба и како да ги искористите, Андроид ви овозможува дополнителни можности.

Различни скриени менија, дијагностика, поглед на состојбата на бежичната мрежа, сето тоа е достапно без посебно инсталирање на апликации, а потребно е само да ја искористите нумеричката тастатура која ја нуди вашиот телефон.

*#06# – IMEI број

*#0*# – Сервисно мени

*#*#4636#*#* – Информации за уредот, статистика и батерија

*#*#34971539#*#* – Детали за камерата

*#*#273282*255*663282*#*#* – Инстант бекап на медиумска датотека

*#*#197328640#*#* – Активација на тест мод на уредот

*#*#232339#*#* – Тест за Wireless LAN

*#*#0842#*#* – Тест за вибрирање и позадинско осветлување

*#*#2664#*#* – Тест на екранот/осетливост на допир

*#*#1111#*#* – ФТА софтверска верзија (1234 во внатрешноста на истиот код ќе ви обезбеди поглед на ПДА и firmware верзијата)

*#12580*369# – Информации за софтвер и хардвер

*#9090# – Дијагностички информации

*#9900# – System dump mod

*#301279# – HSDPA/HSUPA контролно мени

*#7465625# – Преглед на статус на заклучување на телефонот

*#*#7780#*#* – Рестартирање на податоците и враќање на телефонот во фабричка состојба

*2767*3855# – Форматирање на уредот во фабричка состојба (предупредување – ова брише се’ од уредот!)

*#*#7594#*#* – По внесот на овој код, активирано е директно гасење на уредот

*#*#232338#*#* – Приказ на Wi-Fi MAC aдреса

*#*#1472365#*#* – Брз GPS тест

*#*#1575#*#* – Детален GPS тест

*#*#0*#*#* – Тест на LCD екран

*#*#0289#*#* – Аудио тест

*#*#0588#*#* – Тест за сензорот за близина

*#*#3264#*#* – Приказ на RAM верзијата

*#*#232331#*#* – Bluetooth тест

*#*#232337#*# – Bluetooth адреса

*#*#7262626#*#* – Field тест

*#*#8255#*#* – Следење на Google Talk сервисот

*#*#3424#*#* – Тест – функција за HTC уреди

*#*#4636#*#* – HTC инфо-мени

##8626337# – Стартувај VOCODER

- Реклама -