Што ќе каже Неда?

Моментот што го чекаа сите… Реакцијата на Неда Украден во финалето на „Твоето лице звучи познато.

За тоа колку Неда Украден била бесна откако не влегла во финалето на ТЛЗП се зборуваше со денови. Иако таа изјави дека поради обврски нема да се појави во финалната вечер, сепак беше дел од шоуто овој викенд.

Неда се претстави како пејачка на групата ABBA и настапот го изведе феноменално. Интересирањето за тоа што ќе каже Неда владееше и на социјалните мрежи. Меѓутоа, од навреди и лутење немаше баш ништо.

Брзо и минала лутината, или пак, овој пат се криеше под својата маска?

 

 

- Реклама -