Во немање на друга работа, денес светската јавност се потресе околу една кинеска реклама која е наречена „најлошата расистичка реклама на сите времиња“.
Maybe the most racist ad I’ve ever seen. They literally wash the Black off of him.
STORY: https://t.co/wQphMQrmbthttps://t.co/r08fL7AfCF
— Olivier Apaya (@apayaolivier) May 27, 2016
Корисниците на друштвената мрежа Weibo – кинескиот пандан на Фејсбук, судејќи по коментарите, се буквално згрозени од рекламава.
„Ако не разбирате зошто е ова расистички, тогаш сте расист“, „Боже, зар Кинезите не учат за расите?“, се дел од коментарите.
Рекламава всушност и не е оригинал. Очигледно е направена по примерот на една слична италијанска реклама со порака „Во боја е подобро“.
Сигурно и тогаш имало остри реакции… или можеби не, затоа што во тој случај малцинството (во случајов – црнците) е прикажано како кул. Да, алудираме на лажната политичка коректност која ги тера (пред сé) „интернет“ душегрижниците да се чувствуваат повикани и да ги одбранат „обесправените“ дури и во баналните ситуации каде воопшто нема потреба, како што во случајов тоа го прават Кинезите во името на црнците…
Мојот најголем проблем е што овие коректниве го утепаа хуморот. Луѓе без смисла за хумор нé убедуваат дека ако има дури и најмала трошка расизам во истиот, во суштина тоа не е хумор, туку РАСИЗАМ. Дека ако е црн хумор, тоа е бесчувствителност, гадост, а не хумор. Дека ако на погреб на комичар кажеш смешна шега, не ти е жал што умрел човекот. Дека ако има зрно бибер во супата, тоа е бибер, а не супа.
Да, граници секогаш треба да има, ама овие ги симнаа на минимум. Најироничното од сé е што сега некаде гарант постои соба во која неколку собрани црнци ги гледаат рекламиве и се мочаат од смеење. И ќе се смеат сé до моментот кога ќе сфатат дека коректниве кренале цела узбуна, па ќе се почувствуваат повикани и самите тие да речат дека се навредени. И малку по малку, колективното глумење лудило добива статус на вистина, а хуморот си ги пакува куферите и почнува да размислува да се пресели во подземните катакомби каде што ќе биде привилегија само на најверните следбеници, оставајќи нé нас горе да си се препелкаме во еден подосаден, помедиокритетен свет.