Што има врска концептот на намалување штети со борба против пушењето?

Да бидеме практични во објаснувањето на поимот на концепт на намалување на штети. Тоа е исто како да објаснуваме дека појасот во автомобил е за спасување на животи. Или дека се стави кацига кога се вози велосипед или моторпед. Или дека се ставаат штитници кога се вози ролерки или рошули.

Едноставно се штитиме од несреќи со алатки кои ни го олеснуваат животот. А не секогаш тие алатки се разбрани или биле разбрани на почетокот. Тргнете од себе, колку пати ви коментираат да не го ставате појасот, има луѓе кои се уште тоа го прават. Или коментарот – де бе до кацига ти дојде. А во суштина сето тоа користи за да се намали можноста од предизвикување последици по нашиот живот. Отпор секогаш ќе постои за секоја промена на некоја навика, но во суштина ваков тип на промени се позитивни.

Овој концепт на намалување на штети започна да се применува и во индустрии кои за многумина беа непроменливи. Сите велиме на пример дека цигарите ќе постојат засекогаш. Дека нема да се промени ништо и дека постоеле и ќе постојат со децении. Но тутунската индустрија направи голема трансформација токму преку примената на овој концепт. Воведе помалку штетни алтернативи што значат подобар производ и секако можност од откажување од цигарите.

Факт е дека навиките тешко се менуваат, а кога ќе ставите забрана се наоѓа начин како да се дојде повторно до посакуваниот производ. Факт е дека сакаме промена, но не промена веднаш и сега кога станува збор за нашите навики. Но исто така небобитен факт е дека ако некогаш не се почне со промена, лошите навики имаат свои лоши резултати.

Познатиот француски онколог, д-р Давид Кајат, професор на Универзитетот Пјер и Марија Кири смета дека забраните се контрапродуктивни и дека концептот на намалување на штети е единствениот пристап кој може да доведе до целосно откажување од пушењето.

„Значи, ако не можете да се откажете од цигарите, а тоа е најдобриот можен избор што можете да го направите, тогаш најдете нешто што за почеток ќе ја намали штетата – применете го концептот за намалување на штета“, додаде тој. Професорот научно го објасни ова мислење: „Проблемот со тутунските производи се хемиските материи кои се наоѓаат во чадот што се ослободува со согорувањето, додека технологијата на загревање на тутунот е помалку штетна алтернатива бидејќи не испушта тутунски чад“.

Напредокот во науката, технологијата и регулативата го промени начинот на кој живееме. Современата технологија нуди можност за сите полнолетни пушачи да изберат алтернатива како уредите без чад кои работат на база на загревање на тутунот, наместо да го согоруваат, со што се елиминираат до 95 проценти од штетните материи кои се наоѓаат во чадот од тутунот. Сепак, треба да се забележи дека овие производи не се без ризик. Ослободуваат никотин, кој иако не е примарен причинител на болестите поврзани со пушењето, создава зависност.

Научно докажана алтернатива, која веќе четири години е достапна на нашиот пазар е уред базиран на технологија која го загрева тутунот, наместо да го согорува. Пред извесно време беше лансирана новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење. Овие уреди го претставуваат најновиот и најиновативниот додаток во растечкото портфолио на производи на компанијата Филип Морис наменети исклучиво за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат.

Извор