Што говори за вас прстенот што го носите?

Дали некогаш сте се запрашале зошто бурмата се носи на четвртиот прст или сте размислиле дека  низ историјата голем прстен бил синоним за статус, па најчесто ги красел прстите на големи и влијателни особи.

Британските психолози воочиле уште една работа кај „говорот на прстенот“. Колку што е поголем прстенот толку се нагласени одредени особини на неговиот сопственик, нормално во зависност од прстот на кој се носи истиот.

425698_4350769445654_1656772831_n

Показалец

Луѓето кои го носат прстенот на вториот прст се горделиви и природни. Го сфаќаат животот реално и се материјално ориентирани.

2013-10-09 11_08_32-

Среден прст

Прстенот на средниот прст открива перфекционисти и некој кој обрнува внимание на детали. Таквата личност е критична кон себе и кон останатите.

Четврти прст

The 54th Annual GRAMMY Awards - Arrivals

Четвртиот прст, освен во случаите кога е веренички, значи дека сте интуитивни, чувствителни и друштвени.

Најмал

Оние кои носат прстен на малиот прст, поседуваат уметничка склоност и нагласени креативни потенцијали.

Зошто бурмата се носи на четвртиот прст?

1-2Има интересна приказна за тоа како секој прст претставува некоја личност во вашиот живот. Имено, палецот ги претставува нашите родители, показалецот нашите браќа и сестри, средниот прст сте вие самите, четвртиот прст е партнерот, додека малиот прст е симбол за вашите деца. Со мал тест се докажува причината.

Споете ги прстите на левата и десната рака, а средните прсти повлечете ги надоле, исто како на сликата.

Додека ги држите споени рацете, пробајте да ги одвоите само палците. Се разбира дека успеавте. Вашите родители се столб во вашите живот, но кога тогаш ќе треба да се одвоите од нив. Пробајте го истото со показалецот. И вашите браќа и сестри, колку и да ви се драги, ќе основаат свои семејства.

http-deanie-michelle-events.comwp-contentuploads201209Dallas-Wedding-Planner-Deanie-Michelle-Events-Exchange-of-Rings.12

Како напредувате со малиот прст? Да, и вашите деца еден ден ќе се одвојат од вас, исто како вие од вашите родители.
Сега пробајте да го направите тестот со четвртиот прст… – Се додека смртта не ги раздели.

 

- Реклама -