Што говори денот на раѓање за личните квалитети

Годината, месецот, датумот, па дури денот на кои сме родени, подлежи на толкувања и предвидувања кои се однесуваат на карактерот на човекот.

Погледнете што означува вашиот ден на раѓање.

Родени во понеделник

Вие сте под влијание на Месечината и Нептун. Поседувате силна интуиција, сензибилитет и жива имагинација. Понеделник хармонично се комбинира со календарскиот ден на раѓање 2, 7, 11, 16, 20, 25 или 29.

Впечатливи и социјализирани, умеете добро да комуницирате со повеќе луѓе. Поле за докажување за вас се сцената и медиумите – весници, радио, телевизија, а исто така и политика. Обожавате да истражувате во минатото.

Ве привлекуваат историјата, археологијата, реставрирањето, трговијата со антиквитети… Љубители сте на добрата кујна и можеби имате проблеми со тежината. Имате поостра сетивност, можете да ја развиете својата интуиција и да гледате надвор од времето и просторот.

7-habits-of-highly-happy-people-630x354

Родени во вторник

Вие сте подложни на огнената енергија на Марс. Полни со живот,енергични, динамични, а најверојатно сте физички добро градени. Доживувате природно привлечност кон спортот и можете да напреднете многу во оваа област. Дури и да не се занимавате активно со спорт, одржувате добра физичка кондиција.

Марс носи енергија и борбеност, амбиции за реализација, ревност и волја за самодокажување. Уште посилно е влијанието на Марс, ако сте родени на 9, 18 или 27 календарски ден од месецот.

Вие умеете да се справувате добро во секакви ситуации, не се плашите да ризикувате и да носите одговорност. Со успех може да се реализирате во спортот, во органите на безбедноста и одбраната на земјата, а исто така и во сите инженерски професии.

Happy-Men

Родени во среда

Вие сте под влијание на енергичниот и духовит Меркур. За вас е многу важно да се изразувате вербално. Брзата и аналитичка мисла, како и вештите ракување со словото ви даваат одлични можности за докажување во системот на образованието како предавачи, професори, во судницата како адвокати или на сцената како актери.

Се снаоѓате добро со броеви и можете со успех да усовршувате професии како програмер, финансиер, статистичар. Ова важи во уште поголема мера, ако сте родени на 5, 14 или 23 ден од месецот. Поседувате умешност во рацете и можете да бидете ликовни мајстори и одлични љубовници.

sad-man-alone---cool-o-happy-man-alone-facebookjpg-wallpaper-hd

Родени во четврток

Вие целиот свој живот сте заштитени од Јупитер и можете да се потпрете на среќа. Имате големи размислувања и големи реализаторски способности. Со вродена мудрост и философски став, лесно се здобивате со довербата на околните и често имате можност да доаѓате до висока позиција.

Слободата и независноста ви се многу скапи и тешко поднесувате некој да ви командува. Умеете да ги искористите предностите на луѓето и околностите.

Имате разноврсни интереси и можете де се реализирате во широк спектар на професии: писател, режисер, филозоф, политичар, хемичар, градежен претприемач. Уште поголемо е влијанието на Јупитер, ако сте родени на 3, 12, 21 или 30, без разлика во кој месец од годината.

fluffy-fly-free-girl-love-favim-com-155962_large

Родени во Петок

Вие сте под силното влијание на Венера – уметнички, со развиени сетила за убавината, за боите и формите. Веројатно имате одличен слух и уметнички глас. Уметноста, во сите нејзини манифестации, ве привлекува и може да стане ваша судбина.

Соодветна за вас е професија на актер, уметник, дизајнер на облека или мебел за домот, архитект, уметност, фризер, козметичар, адвокат, судија, јавен обвинител и др. Ако сте родени во петок и во прилог на 6, 15 или 24-ти ден од месецот, тогаш имате повеќе чувство за одговорност и можете да бидете исклучително посветени во борбата, која сте ја одбрале.

free-time-girl-hair-hands-hat-Favim.com-438169_large

Родени во сабота

Ден под влијание на Сатурн кој ве дефинира како човек, кој лесно се препознава по неприродна зрелост за возраста. Стремите рано да се снабдите со самостојност. Односите со возрасните луѓе заземаат важно место во вашиот живот.
Умеете многу добро да ги контролирате вашите чувства и да не ги изложувате во јавност. Иако надворешно изгледате резервирано, вие имате богат духовен живот и можете да бидете многу сентиментални. Сатурновата лекција е дека успехот се постигнува само по подолга и напорна работа. Ќе имате долг животен пат.

Во целосна степен горното важи, ако сте родени на 8, 17, 26 ден од месецот.

Љубителите сте на шумот на банкнотите и често избирате професија која што е поврзана со парите – сметководител, благајник, банкар. Поседувате вроден талент за бизнис и заинтересирани сте за политика. Така претприемништвото, административната и управувачка активност се одлично поле за реализација на неоспорните  квалитети.

girl-at-beach-beautful-photos-free-download

Родени во недела

Вие сте подложени на истовременото влијание на Сонцето и Уран. Дефинитивно сте амбициозни, инвентивни, тврдоглави и премногу практични, особено ако сте родени на 1, 4, 10, 13, 19, 22, 28, 31.

Со што и да се занимавате, а вие не пребирате, тоа треба да биде оценето достоинствено и личното учество да биде нагласено. Истовремено и умеете да раководите група луѓе. Силното лично присуство и чувството за одговорност будат доверба и со леснотија ќе се претворите во лидери на групата од луѓе со која што работите.

Вложувате многу напор да се движите напред и се чувствувате пријатно на врвот на хиерархиската пирамида. Вообичаено за вас е да се префрлите од една професија во друга или одеднаш да бидете истрелани кон врвот, и да се покажете како “вистинската личност на вистинското место”.

leadership

- Реклама -