Што е толку посебно во овој телефон за да чини 22.000 долари?!

Што треба да  има во еден телефон за да чини 22 000 долари? Одговорот накратко е ексклузивност, материјали и услуги, според производителот на луксузни телефони Vertu.

Новиот модел на марката Signature Touch беше лансиран на пазарот претходно овој месец и чини помеѓу 10 000 и 22 000 долари. Карактеристиките на смартфонот  со оперативен систем Android вклучуваат 4.7-инчен HD дисплеј, 13-мегапикселна камера со двоен LED блиц и Dolby звук.

„Она што е толку посебно околу телефонот е комбинацијата меѓу ексклузивност, материјали и услуги”, вели Хач Хачинсен од Vertu пред CNBC.

„Првиот Signature Touch телефон кој е од 2008 година, стана култен производ. Последниот телефон ги следи најновите технологии. Истиот е многу формален и има специфичен  дизајн,” вели тој.

Компанијата која беше во сопственост на Nokia, пред да биде продадена  во 2012 година, се концентрира на луксузниот сегмент на пазарот на паметни телефони. Секој телефон Signature Touch се составува рачно во Англија и е опремен со копче за услуги,  што муовозможува на сопственикот да се поврзе со глобалниот тим кој нуди совети и помош на локално ниво.

Vertu има продадено околу 300 000 телефон од 2002 година. Според Хачинсен кој, сепак, одбива да даде детали околу профитната маргина на компанијата, на смартфон пазарот во моментов доминираат брендови како Apple, која се очекува да го лансира својот iPhone 6 во август, како и јужнокорејската Samsung. Другите компании исто погледнуваат кон пазарот.

Гигантот во електронска трговија Amazon претстави минатата недела прв смартфон. На прашањето дали Signature Touch е повеќе за покажување на социјалниот статус, отколку корисен како телефон, тој вели дека телефоните на Vertu се навистина подобри од своите конкуренти.

„Телефонот има функционалност и квалитет на телефоните на Apple или Samsung, ако не и повеќе”, вели тој. „Екранот е од сапфир, што значи дека  никогаш нема да го изгребете, а и е поотпорен на кршење или пропуштање.”

- Реклама -