Не мора да објаснуваме, чоколадата е најпопуларната слатка на светот. Некои студии велат дека го продолжува животот, други велат дека предизвикува исти чувства како заљубеноста. Познато по својата темна кафена боја, чоколадото е искрена љубов на секој што го пробал. Но чекај, постои и бело чоколадо. Зошто?
Чоколадата, особено фината чоколада најчесто ја добива цената во корелација со тоа колку е темна. На разните пакувања може да стои дека е 35-процентна, 55-процентна, 78-процентна, итн, во зависност од тоа колкава количина на екстракт од какао прав и какао путер содржи. Помалиот процент е поблиску до млечна чоколада, додека високопроцентниот микс е потемен и помалку сладок. Какао-путерот, инаку, е растителната маст, не многу различна од маслиновото или пченкарното масло, со исклучок на тоа што се добива од зрното на какаото.
Од друга страна, белата чоколада, технички, воопшто не е чоколада. Таа се прави без воопшто да содржи какао прав. Тоа не значи дека не е вкусна, но, белата чоколада е всушност само мешавина од какао-путер, млеко и шеќер.
Специјализираниот веб-сајт Fine Chocolate Industry нагласува: „темното чоколадо не смее да содржи ништо друго освен какао екстракт, шеќер, какао-путер, лецитин и ванила“. Со други зборови, какао-путерот е состојка на чоколадото, но не е чоколадо самиот по себе.
Треба да се напомене дека високиот процент на какао не секогаш значи и подобра чоколада. Чоколадо-експертите предупредуваат дека соодносот има малку удел врз квалитетот. На пример, 70-процентна чоколада може да варира од одлична – до лоша.