Знаеме кој е поскап и повкусен, ама кој е поздрав?
Едните ќе речат путерот, другите – маргаринот. Научниците од Харвард решија да го истражат проблемот, а резултатите сугерираат дека во право се овие вториве.
Кога станува збор за срцето, маргаринот е далеку поздрав. Заситените масти од путерот и останатите маснотии од животинско потекло се штетни за срцето исто колку и рафинираните јаглено-хидрати од белиот шеќер, предупредува хардвардскиот тим. Од друга страна, замената на заситените масти во исхраната, со незаситени – кои ги има во маргаринот, води кон намалување на ризикот од срцев удар.
Резултатите се добиени по анализа на прехранбените навики на повеќе од 84.000 жени и 42.000 мажи, кои, барем на почетокот на истражувањето, немале проблеми со дијабетес, срцеви болести или карциноми.