Што е потребно за еден порно филм да добие награда?

what-its-like-to-judge-pornos-for-a-living-body-image-1453478316[1]

Доаѓа сезоната на награди, а таму некаде зад затворени врати постои комитет од непознати мажи и жени кои имаат задача да изберат кои од кинематографските достигнувања ќе ги добијат најголемите почести на индустријата… порно индустријата. Да, зборуваме за AVN (Adult Video News) порно-наградите во Лос Анџелес.

И по тон доделени признанија за секс-потезите на овој или оној актер или актерка, за обичниот човек е тешко да разбере што е всушност тоа што го прави еден порно филм вреден за таква почест. Првичната претпоставка е дека се работи едноставно за плати-па-клати систем и дека до номинација се стигнува само преку џебовите или преку гаќите на членовите на изборниот комитет. Ама не, во реалноста, наводно, се работи за фер и демократски систем на гласање, кој вклучува група луѓе кои мораат да седнат и да изгледаат неизмерно голем број секс-сцени во период од неколку недели, луѓе кои се сместени во една соба со многу залихи од грицки, луѓе кои потоа го дебатираат изгледаното и решаваат кои од финесите се подостојни за една таква престижна (за луѓето во порно индустријата) награда.

Питер Ворен, постар едитор на AVN и ревизор на номинациите, е само дел од изборниот комитет кој обично се состои од 9-10 судии. Тој лично потврдува дека и оваа година поминале неколку последователни седмици на интензивно гледање и расправии, со цел конечно да стигнат до номинираните во секоја од категориите. Потоа сите номинирани филмови се испраќаат до поширок круг на гласачи ширум земјата (оваа година се 23), кои пак имаат уникатни пасворди за пристап на приватен вебсајт каде што го обавуваат гласањето.

what-its-like-to-judge-pornos-for-a-living-body-image-1453478429-size_1000[1]

Кои се критериумите на првичните 9 судии?

„Тоа е прашање кое е тешко да се одговори“, вели Ворен. Спред него, секој од нив има свој специјален жанр кој му е од особен интерес и во кој е експерт, па обично се договараат во стилот на „Ти земи ги садо-мазо филмовите, јас ќе ги земам лезбејските“. На крајот, се собира целата група и „многу демократски“ разговара за секој можен детал. Некогаш демократските разговори прераснуваат и во демократски кавги, а понекогаш и во демократско фрлање предмети. Ама на крајот, сè е тоа дел од процесот на избирање на финалните 15 номинации.

Каква е атмосферата на гледање?

Прво и основно, седиш со сите судии во една соба и гледате заедно. Собата е полна грицки, како по масите, така во твојот скут, така и по подот. Еден од фините моменти е што кетеринг службата ти носи ручек секој ден, со недели. Одвреме-навреме ти се смачува од фаците на другите. Не, никој од вас се нема осудено да го извади пенисот и да почне да мастурбира, макар и на шега – и без тоа не се поднесувате најдобро. Секој од вас е дел од истата група веќе со години, па се познавате дури и предобро – си ги знаете мааните, си ги знаете ситниците што ви се допаѓаат и ситниците што не ви допаѓаат, си ги знаете карактерите. На крајот, кога страстите ќе спласнат, пак сте сите пријатели и сите сте горди што сте биле дел од тоа.

Прочитајте и:  Анџелина Џоли и нејзиниот билошки син, Нокс првпат заедно на црвениот тепих

Ти збогтисува ли?

„Па да, ти треба малку пауза од постојаното гледање порно. За среќа, секогаш се одвива околу Денот на благодарноста, па имаме мал фин одмор за време на празниците. Но, потоа мораме пак назад, бидејќи мораме да почнеме да гласаме. Гласањето трае околу еден месец, помалку или повеќе“, објаснува Ворен.

what-its-like-to-judge-pornos-for-a-living-body-image-1453478533-size_1000[1]

Инаку, Ворен е експертот во категоријата девојка/девојка. Тој е во отворен протест против употребата на секс-играчки. „Сметам дека играчки во лезбејска сцена е рамно на богохулење. Секогаш ме обвинуваат дека тоа што ми се допаѓа е некаков си лажен лезбијанизам, ама не мислам дека тоа е вистина. Не сакам да гледам девојки што се очигледно таму заради платата. Сакам да почувствувам дека тоа што го прават навистина им се допаѓа“.

Денес гледаме помалку екстремни секс видеа отколку од пред една декада. Ворен смета дека „плимата и осеката“ на трендот трае со години наназад. Кога тој почнувал, порното поминувало низ супер екстремен период, потоа работите се припитомиле, а сега повторно почнуваат да стануваат екстремни. „Сметам дека девојките и компаниите во оваа индустрија водат многу интензивна меѓусебна борба – има толку многу девојки и толку обемен продукт, што мораат да направат нешто со кое ќе се истакнат. Во многу случаи, тоа значи дека поекстремното е подобро. Ни го привлекува вниманието, нема дилема“.

Ги зголемува ли екстремноста шансите на актерките за номинација/награда?

„Тоа зависи од целокупното работно портфолио на актерката. Ние гледаме сè што прават, не само едно нешто. Кога целиот штос на некоја девојка е да си го забие најголемиот можен предмет во вагината/анусот, во секоја сцена што ја снима, тоа баш и не го сметаме за некаков си голем опсег на вештина. Пак се наметнува прашањето: дали ужива во тоа? Ние сакаме да се осигураме дека девојките навистина се посветени на нештото и дека навистина го сакаат и се грижат да се етаблираат во она што го прават, со други зборови – дека им се важни наградите. Веројатно ги фаворизираме оние кои навистина, вистински сакаат да победат, на сметка на некој што едноставо ќе рече ’Заеби ги наградите. Ништо не ми значат. Обична хартија’“.

Фаворити за годинава?

„Тоа е тешко прашање, бидејќи има навистина голема конкуренција. Дефинитивно мислам дека главната борба ќе се одвива помеѓу Адриана Чечик, Рајли Рид и Картер Круз. Мислам дека тоа е големата тројка“, прогнозира судијата.

- Реклама -