Што е потребно за да се добие Оскар

oscar2Гласањето за Оскарите заврши. Тие ќе бидат доделени во понеделник во Лос Анџелес кога наградите би требало да ги добијат најдобрите, но голема улога и овде играат публицитетот и маркетингшките компании, пишува BBC.


_47411675_000231080-1Гласањето за Оскарите заврши. Тие ќе бидат доделени во понеделник во Лос Анџелес кога наградите би требало да ги добијат најдобрите, но голема улога и овде играат публицитетот и маркетингшките компании, пишува BBC.

Филмските студија за таа цел трошат десетици милиони долари и со месеци ги убедуваат 6.000-те членови на американската академија да гласаат баш за нивниот филм. Методите на убедување се различни – лични повици до гласачите, бесконечни проекции на филмовите, реклами во најчитаните списанија или, како што би рекол уредникот на списанието Screen International – Мајк Гудриџ: „Кампањата за Оскар е како политичките кампањи. Груба, со многу забодувања во грб и брутална.“

Другата страна на ова ја почувствува Николас Чартиер, продуцент на филмот „The Hurt Locker“, кој ги повика луѓето да не гласаат за „Аватар“. После тоа му беше забрането присуството на доделувањето на Оскарите. Лобирање против некој филм е забрането кога се во прашање Оскарите. [Unwrapping Oscar]

- Реклама -