Не е лесно да се постигне совршена фризура. Понекогаш ова задоволство знае и да биде болно. Колку пати сте ги изгореле рацете користејќи фигаро или преса за коса?
Ваквите изгореници знаат да создадат непријатно чувство и да зараснат многу бавно. Сепак, фризерот Маркус Францис вели дека го пронашол вистинското решение за овој проблем.
Со оглед на тоа што Францис секојдневно се соочувал совакви непријатности, имал време да испроба секакви трикови со надеж дека ќе му помогнат во надминувањето на болниот процес. И конечно, го пронашол најдобриот лек.
Имено, како што тој вели, решението е и повеќе од едноставно. На изгореното место нанесете млеко. Доволно е 15 минути да ја масирате кожата со млеко, и отокот ќе спласне.