BMW M1 можеше да биде произведено од Alpina. Интересна приказна од релативно далечното минато ни презентираат од магазинот Car and Driver, повикувајќи се на сигурни извори кои ја пренесуваат.
Кога во 1981 година легендарниот спортски автомобил BMW M1 слегува од производство, германската компанија се свртува кон Alpina во обид да го продолжи животниот век на возило. Студиото се согласува да го прегледа проектот, па констатира дека тој треба да претрпи неколку промени. Кабината, на пример, би требало да биде прилагодена подобро за секојдневна употреба, а моторот да биде заменет со посовремен, помоќен… Ова сепак барало промени и во платформата, што пак требало да доведе до многу високи трошоци.
На крајот на краиштата, Alpina се откажала од ангажирањето со производство на M1, со што историјата на моделот завршува токму во 1981 година.