Што бараат поларните мечки во старите слики од Германија?

skusfeprhfgnhzcv71mv

Пребарувајќи стари фотки од Германија, францускиот издавач Жан-Мари Донат наишол на малку „мрднатко“ откритие – со децении, луѓе во костуми на поларни мечки имаат позирано низ Германија и присуствувано во чудни фамилијарни портрети. По свадби, по плажи, па и на нацистички собири – секаде ги има, а причината никој не ја знае и до ден денес.

Тоа што го знаеме е дека феноменот траел од крајот на Првата светска војна, па до 1960-тите години – страшно бурен период од историјата на Германија. Буквално ги има стотици вакви фотографии, а како што гледате, и костумите ги има во секакви варијанти.

Колекцијата е објавена од Донат во форма на книга со 200 страни, наречена TEDDYBÄR. Авторот вели дека го прикажуваат текот на германската историја, макар што изгледаат надреално, апсурдно, смешно, а на моменти и вознемирувачко.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

Најдоброто објаснување што го имаме за тоа што бараат „мечкиве“ во слики од стара Германија, е тоа на уметникотот и филозофот Клаус Питер Спајдел (кој го пишува предговорот на книгата), во кој ја дава своја интерпретација на мистеријата:

„На луѓето им требало причина за да се фотографираат, а поларна мечка е и тоа како добра причина“.

bmk1c2ytsoixdi5ouvt1 i9dht0pqog9serr6om01 ilyjlwwho612xuccvokt irrkqtseftcevc8buf0j jg8wtgknbmy3z0vwqqgd lngjzzinxhpnmngous0f q7ox1lqxmvrn18z77srg runzn95q64fnhtlsvubb  t288ss0p9w3e3jkeor5k tlikwm7pgahitfomeqmw wal1atf0h7wkeqpc4fhg wdemr0geummrg5ednmit xsoiwzwoemzq43wuabyk yji093ydyk5abyfrmmti zm2puvxzvmj1q2ag5xdt

- Реклама -