Ако сакате баш стручен одговор, никаков. На горештини од 40+ најдобро е да се пие само вода. На 40+ не важи ни она „чаша црно вино на ден“.
Ама, кога веќе не се може без алкохол, дај да ги разгледаме опциите, и тоа со помош на експерти по дејство на алкохол – не конзументи, не шанкери, не винари, туку доктори… кои, патем, во вакви горештини често си имаат работа со „пијана сончаница“.
А опциите се:
Избегнување на алкохол
Алкохолот влијае на мозокот како што отсекогаш влијаел. А на горештините ги шири и крвните садови и води до опаѓање на притисокот. Притоа луѓето дополнително се потат, па може да дојде и до дехидрација. На кратко, алкохолот стварно не се препорачува во вакви услови.
Ракија
Една од опциите е да лупнеме неколку ракии и да го поминеме остатокот од денот во обид да одгатнеме дали нé удрило сонцето или алкохолот. Објаснување е во претходниот и следните пасуси.
Пиво
„Ако веќе мора нешто да се пие“, вели д-р Љубомир Стевановиќ за српски Vice, „претпоставувам дека пивото е најдбро. Освежува, не е премногу газирано. Но секако, и тоа во умерени количини“.
Шприцер
Иако шприцерот во основа е комбинација од вино и вода, Стевановиќ не е баш убеден дека е добар избор. Шприцерот најчесто се меша со бело вино, кое пак содржи тиамин. Тиаминот го качува притисокот, а кога ќе додадете и газирана кисела вода… Не е сјајна комбинација, ама е подобра од виски или ракија.
Жестоко
Жестоките пијалоци со висок процент на алкохол – како вињак, вотка, текила, апсинт… Никако. Сé тоа треба да се избегнува.
Во спротивно, ако претерате, може да колабирате. Може да дојде и до смрт, бидејќи алкохолот влијае како депресор на мозокот, а и самиот врши дилатација – т.е. ширење на периферните крвни садови. Крвните садови дополнително се шират на топло време, па може да се дојде до драстичен пад на притисокот, шок, и смрт. Не се чести случаи, но сепак.
Е па, само вода?
„Да“, објаснува Стевановиќ.