Уште од самиот свој почеток, Дизни империјата почна да се гради врз основа на адаптирање на туѓи приказни.
Бајки, претстави, новели, кратки приказни – сите беа адаптирани во анимирани цртани кои обично многукратно ја надминуваа популарноста на изворниот материјал.
Така беше сé до 1994 година, кога излезе Кралот Лав – најпрофитабилниот анимиран цртан на сите времиња. Уште тогаш од Дизни го рекламираа како „револуционерен“, бидејќи, според нив, Кралот Лав беше првиот анимиран базиран на целосно оригинална приказна, без да влече корени од нечија друга. Под „рекламираа“ мислиме на „устата пена им фати“ од фалење дека таква приказна до тој момент светот нема видено.
… Само што, многу пред да постои Симба, во Јапонија постоеше Кимба.