Што ако сексот е лош?

Лошиот секс не е ништо необично и многу луѓе имаат проблем со тоа. Меѓутоа, тоа многу лесно може да се смени, само потребно е малку повеќе труд, тврди американската сексуална терапевтка, Сара Купер.

„Ако сексот ви трае само неколку минути, не брзајте со пенетрацијата. Забавете, посветете се на предиграта и меѓусебното истражување на телото“, вели Купер.

Орален секс

Иако е одличен во кревет, кога е во прашање оралниот секс, не ве задоволува. Ако е така во вашиот случај, пробајте со движења или усни „патокази“ да го насочите на вистинските точки. Ако се преправате дека ви е добро, си правите штета на себе и следиот пат ќе биде исто. Но, ако избегнува орален секс, дајте му до знаење дека тоа задоволство ви е важно, а добар избор е позата 69.

Не се откажува од мисионерската поза

wheelbarrow_600x450

Ако не се откажува од мисионерската поза, пробајте да го разубедите со еротски филм или секс игри. Покер на соблекување, врзување за кревет или играње улоги ќе ги загрее страстите во кревет. Доколку има проблеми со брзината, забавете така што ќе ги ставите рацете на неговите колкови и ќе му покажете како ви одговара. Вие одредете го темпото.

Тој мисли само на себе

Не дозволувајте желбата за задоволство да ја замени сосебичност. На мажите само треба да им покажете дека вашиот оргазам ќе го зголеми неговото задоволство. Во тоа ќе ви помогне подолга предигра, па сексот ќе биде поинтензивен, а вие полесно ќе доживеете оргазам.

Фокусиран е само на градите

29662_shutterstock_108382202_iff

Сето негово внимание е насочено кон вашите гради, но ако е премногу груб, заземете позиција во која вие ќе бидете горе и покажете му како сакате да ве допира. Земете ги неговите раце и ставете ги на градите и сами одредете го темпото.

- Реклама -