Штипјанец ја напуштил сопругата, ја земал теглата и завршил во болница

Штипјанец во моментот кога решил дека ги напушта жената и децата, ја зел теглата во која што имало 40.000 евра и заминал од дома.

Како што пренесува штипската Тв Стар, тој за време на бегството од домот доживеал сообраќајка, па веднаш бил пренесен на клиничкиот центар во Штип.

Дури и за време на интервенцијата во болницата, Штипјанецот не се одвоил од своето богатсво, кое како што вели ги заработил со голема мака и штедење.

Овој човек се занимавал со продажба на овци и ориз, во текот на животот.

- Реклама -