Штипјанец дивеел во Центар, Алфите пукале за да го скротат

32 годишниот З.М од Штип вчера во една зграда во центарот на Скопје дивеел и кршел стакла. Инцидентот бил пријавен од страна на станарите на зградата по што пристигнала единицата „Алфи“. 

Тој се упатил кон трговскиот центар Рамстор и влегол во една од зградите. Целиот раскрвавен Штипјанецот држел две парчиња од стакло во рацете и им се заканувал на „Алфите“.
Тие испукале неколу куршуми со цел да го предупредат, по што почнала бркотницата во зградата. Штипјанецот бил совладан на последниот кат и веднаш бил однесен во болница за да му се спречи крвавењето.

Еден од станарите раскажува: „Ме разбуди силно викање и потоа чув како се крши стакло. Ги чув полицајците кои го бркаа, а набрзо и истрелите. Тие гласно викаа да останеме во домовите и да ги заклучиме вратите. Глетката беше ужасна.
Тој не престана да вика и зборува неповрзани работи. Не знам како не осети болка од толку исеченици, полицајците беа испрскани од неговата крв додека го приведуваа“.

- Реклама -