Ќе фатиш да штедиш железни во касичка и еден ден ќе решиш да отвориш за да видиш колку си собрал, надевајќи се дека ќе можеш да си купиш нешто фино. Обично излегува доволно за две-три чоколади, па завршуваш ем разочаран, ем докусурен од погледот на продавачот/ката кога ќе пробаш да ѝм платиш со железни.
Еден кинески бизнисмен не ризикувал да купува чоколади. Отишол директно во автосалон, па си купил BMW.
Според локалните медиуми, анонимниот маж (кој работи во бизнисот со продажба на големо), ја купил колата за 400.000 јуани (околу 60.000 долари). Човекот инсистирал да ја плати првата рата од 70.000 јуани во монети од 5 mao (или jiao). Јiao e една десетина од јуан, значи зборуваме за 140.000 парички.
Сликите покажуваат како вработените седат на подот и ги бројат паричките со часови. Пред тоа, вработени биле испратени и до домот на купувачот, за да донесат околу десет кутии со ситно.
Со здравје да си го вози!