Берлин, 24 декември 2021 (МИА) – Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер верува дека слободата, довербата и одговорноста добија ново значење во екот на пандемијата со коронавирусот и климатската криза, јави ДПА.
Во објавениот говор на Штајнмаер по повод Божик, тој индиректно ќе ги повика оние кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот да ја преиспитаат својата одлука.
„Државата не може да ви стави маска, ниту да ви се вакцинира. Но секој од нас мора да си ја врши својата должност“, рече тој. „Мило ми е што огромното мнозинство луѓе го препознаа потенцијалот на вакцинацијата“, додаде тој. „Точно е дека во демократијата не можеме да бидеме на исто мислење. Но, ве повикувам да го запомните ова: ние сте една земја“, додаде Штајнмаер.
Тој изрази уверување дека и изминатите 12 месеци дале надеж, со оглед на големата солидарност со жртвите од поплавите и работата на оние кои се борат со коронавирусот.
Освен пандемијата и климатската криза, Штајнмаер е загрижен и за концентрацијата на војници на руско-украинската граница.
„Загрижени сме за вестите што ги слушаме од толку многу региони на нашиот проблематичен свет, а особено од Источна Европа“, рече тој.