Шпионката Ана Чепмен како манекенка (видео)

Поранешната руска шпионка Ана Чепмен се појави на модна ревија во Турција, облечена во долг црвен фустан и во друштво на двајца манекени, облечени како шпиони, во црни одела и очила за сонце.

Турскиот моден дизајнер Икмет Ераслан, чија креација ја носеше Чепмен, рекол дека сиот приход од ревијата што се одржа во Анталија ќе биде наменет во добротворни цели, за помош на Фондацијата за деца со пречки во видот што се наоѓа во Волгоград, Русија.

Ова не е прво појавување на поранешната шпионка во јавност, откако во 2010 година беше депортирана од САД, заедно со уште девет руски агенти. Таа и во минатото работеше како манекенка, а беше и уредничка во руско списание.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција

{youtube}mJxev4UKvfI{/youtube}

- Реклама -