Ништо од ветувањето од Агендата на Солун во 2003 година, кога на шесте земји членки им беше ветено членство во ЕУ. Неофицијално, ова ветување е под знак прашање долго време, бидејќи низ Унијата се прошири тн. „замор од проширување“. Но, сега ЕУ за првпат отворено го прекрши својот збор: поради ветото од Франција, Албанија и С. Македонија не можат да ги почнат ветените пристаптни преговори, пишува германскиот весник „Spiegel“.
Одлуката на ЕУ самитот предизвика горчина во целиот западнобалкански регион. Политичките последици од одбивањето можат да бидат сериозни, а многу ЕУ лидери веќе зборуваа за „историска грешка“. Посебно горчи незапочнувањето преговори со С. Македонија. Одлуката на Брисел предизвика политичка криза во земјата, а лидерот Зоран Заев зборуваше за „голема непpaвда“ и најави предвремени избори во април и негова оставка во јануари, пишува онлајн изданието на весникот.
„Само јануари беше кога Македонија си го промени името во ‘Северна Македонија’, после скоро три декади постоење на спорот со соседна Грција. Ова не само еден и единствен пример во светската историја, туку и екстремно пoнижyвачки за мнозинството Македонци. Сепак, под премиерот Заев, владата го склучи овој бoлeн историски компромис во тн. Преспански договор – воедно и за да го поплочи патот до пристапни преговори со ЕУ“, наведува „Шпигел“.
Весникот оценува и дека Македонија во моментов е единствената земја на Западен Балкан која сериозно се залага за основни демократски и реформи во владеењето на правото. Тој пат е нерамен и со многу пречки, а земјата со месеци веќе ја тресе сериозен коруптивен скандал, но без оглед на тоа, од успешната „шарена револуција“ во 2016-та, земјата е позитивен пример во регионот.
Меѓутоа, ако националистите се вратат во позиција на моќ, патот на земјата може да стане непредвидлив. „Едно е сигурно: На екс-премиерот Никола Груевски, кој избега во Унгарија во 2018-та, за време на неговото владеење, не му беше проблем да ја доведе земјата и до гpaѓанска вojна ако е потребно, само за да остане на власт“, оценува весникот.
Во случајот на Албанија, одбивањето на пристапни преговори е поразбирливо. Со разделување на пристапниот процес за Македонија, ЕУ имаше шанса да го задржи кредибилитетот во регионот. Но, Франција го спречи и тоа.
Според „Шпигел“, ваквиот развој на настаните ќе доведе до почести политички „тaбya“: На дијалогот меѓу Србија и Косово под капата на ЕУ веројатно му се става крај, а поверојатно е да ја интензивираат меѓусебната дипломатска војна. Сценариото за „Голема Албанија“ може да се воспостави како реална долгорочна политичка перспектива. Политичките лидери во Босна и Херцеговина можат уште повеќе да ја доведат во прашање босанската држава и да се посветат на ceпapaтиcтички сценарија. Одлуката е и силен удар за граѓанските општества во регионот и може да послужи како поттик за корупцијата и непотизмот.
Што се однесува до политичките гласини дека во празнината што ја остави ЕУ на Западниот Балкан веднаш ќе скокнат Русија, Кина или Турција, „Шпигел“ вели дека Русија и Турција ги немаат финансиските средства што Европа моментално ги инвестира во регионот. Сепак, заклучува, ќе знаат како да ја искористат неконзистентноста на ЕУ, па во иднина се очекува Западен Балкан да стане уште позбунувачка геополитичка сива зона.