Шпанија остана без Европско првенство во кревање тегови, поради Косово

Шпанија остана без правото да биде домаќин на ЕП во кревање тегови за јуниори, а единствената причина е што не дозволи учество на натпреварувачите од Косово.

Шпанската влада, која не го признава независно Косово, не одговорила на писмото на Европската федерација во кревање тегови (EVF), во кое било апелирано Шпанија да им дозволи на косовските натпреварувачи влез во земјата, пренесува „Коха Диторе“.

Како резултат, EVF дополнително ја известила Шпанија дека ја губи организацијата на турнирот до 23 години.

Шампионатот ќе се одржи од 24 до 31 октомври, најверојатно во Полска.

Прочитајте и:  Курти - Мицкоски: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ
- Реклама -