Шпанците ја пресметаа веројатноста од откажување на факултетот

Повеќе...Истражувачите од Универзитетот во Гранада создадоа статистички модел кој ја пресметува веројатноста од откажување на факултетот – голем проблем во оваа земја во која 30 до 50% од студентите се откажуваат од студирање.


img4acc683492196Истражувачите од Универзитетот во Гранада создадоа статистички модел кој ја пресметува веројатноста од откажување на факултетот – голем проблем во оваа земја во која 30 до 50% од студентите се откажуваат од студирање.

Резултатите од овој пионерски проект неодамна беа објавени во магазинот Computer and Education. Истражувачите анализираа база на податоци за студентите кои на Универзитетот во Гранада студирале од 1992 до денес, притоа користејќи модел на логистичка регресија, која овозможува да се пресмета веројатноста од откажување од студиите.

Истражувачите анализираа податоци од 10.844 студенти на компјутерски науки, 25.745 студенти на економија и 39.241 студенти на философија и уметност. Стапката на отпишување од студиите во првите две групи била повеќе од 40%, а во третата група дури повеќе од 60%.

Според резулататите на истражувачите, студентите кои имаат полоши резултати на приемниот испит или оние кои ги започнале студиите после 25 години имаат поголема веројатност дека ќе го напуштат факултетот. Од 23-те проучувани варијабли, успешноста и просекот на оценките се, според авторите, цврсто поврзани со откажувањето од факултетот, додека полот и географското потекло се најслабо поврзани со незавршувањето на студиите.

„Голем број на истражувања укажуваат на фактот дека за прекинот на високото образование честа причина е семејството кое создава голем притисок со кој голем број на студенти не можат да се носат.“, изјави Inmaculada Roldán, главната авторка на студијата. [A new method predicts dropping out of university]

- Реклама -