Шоу на петгодишен генијалец: Знае се за Македонија и не го сака таблетот Sony Xperia Z

Арден Хејс е петгодишно дете, но тоа што разликува од останатите негови врсници е што го сметаат за едно од најителегентните деца кое има огромни познавања за политиката. Познaтиот водител Џими Кимел обожува да прави скечеви со деца, а младиот Хејс е секогаш забавен за публиката, но во вчерашното шоу се случи најголемиот кошмар за маркетинг тимот на Sony.

Арден Хејс овој пат наместо за претседателите на САД одговараше прашања од темата географија и идентификуваше голем број на држави со нивните главни градови само со гледање на мапата. Интересно е што Џими Кимел му ја покажа на картата на Југославија и Хејс ги погоди сите држави кои настанаа по нејзиното распаѓање, вклучувајќи ја и Македонија.

Секоја чест за овој мал генијалец, а на крајот на забавното интервју Џими Кимел сакаше да му подари нов таблет Sony Xperia Z, но детето му одоговори дека може слободно да го даде на некој друг затоа што за Божик родителите ќе му купат нов iPad. Ова видео мора да го погледнете, малиот Арден Хејс е фантастичен.

Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -