Судијата во четвртокот ја отфрли кауцијата за пуштање на слобода на раперот Шон „Диди“ Комбс, кој е обвинет за тргување со луѓе во сексуални цели рекетирање, според судски налог.
Судиите веќе двапати одбија кауција за раперот, а обвинителите кои се спротивставија на третото барање изјавија дека раперот и продуцентот контактирале со сведоци и ја прекршиле затвораската политикат за следење на комуникациите.
„Поради наведените причини, барањето на Комбс се ОДБИВА – ниту еден услов или комбинација на услови разумно нема да ја осигура безбедноста на заедницата“, рече федералниот судија Арун Субраманијан во налог.
Субраманијан, исто така, го одби барањето на Комбс да биде ослободен од притвор за да ја подготви својата одбрана.
„Комбс не докажа дека ослободувањето од притвор е неопходно за подготовка на судењето“, напиша судијата.
Федералните обвинители тврдат дека 55-годишниот Комбс сексуално ги злоупотребувал жените и ги принудувал да учествуваат во секс забави и да користат дрога, притоа користејќи закани и насилство.
Музичарот се изјасни за невин по сите точки од обвинението, а почетокот на неговото кривично судење е закажан за 5 мај 2025 година.
Пред зградата на судот на Менхетен, случајни минувачи ѝ довикувале на мајката на Комбс, Џенис Комбс: „Твојот син е предатор“.
Јавните обвинувања против добитникот на Греми се трупаат од крајот на минатата година, кога пејачката Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, обвини дека Комбс ја подложувал на физичко насилство и дрога повеќе од една деценија и ја силувал во 2018 година.