Шолц: Германија ќе одвои два отсто од БДП за НАТО, Европа мора да премине на масовно производство на оружје

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека одбранбените компании можат да сметаат на неговата влада дека ќе ги зголеми воените трошоци и ќе ја исполни својата обврска да издвои два отсто од БДП за НАТО.

Шолц рече дека Германија и европската одбранбена индустрија мора да се префрлат на масовно производство на оружје бидејќи војната во Украина покажа како европските производители се борат да ја задоволат побарувачката за муниција.

Германскиот канцелар ја даде изјавата при посета на локација на идна фабрика за оружје на Рајнметал во централна Германија.

– Мораме да преминеме од производство кон големо производство на одбранбена опрема, рече Шолц. Тој посочи дека не само САД, туку и сите европски земји мора да направат уште повеќе за поддршка на Украина.

– Досегашните ветувања не се доволни. Само моќта на Германија не е доволна, додаде Шолц.

Прочитајте и:  Во Балтичко Море оштетен и подводниот телекомуникациски кабел што ги поврзува Шведска со Литванија

Тој рече дека армијата и германската одбранбена индустрија сега можат да сметаат на посветеноста на Берлин за исполнување на целта за распределба на два отсто од БДП за НАТО.

– Итно е потребно. Бидејќи колку и да е сурова оваа реалност: не живееме во мирни времиња, потенцираше Шолц.

Тој додаде дека европските земји мора да ги обединат своите нарачки за оружје за да и помогнат на индустријата да ги исполни долгорочните обврски.

Рајнметал, еден од најголемите светски производувачи на артилерија и тенковски гранати, почна да го зголемува производството по рускиот напад на Украина, кога потребата за муниција го влоши недостигот на оружје и ги остави европските производители да се борат да ја задоволат побарувачката.

- Реклама -