Шолја за „празнење“ на улица Македонија

solja3p.jpg Скулптура на wc-шолја, насловена како „празнење“, викендов осамна во паркот кај Спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје. На постаментот на wc-шолјата, за која никој од вработените во соседните
дуќани не знаеше да каже кога е поставена, стои дека е изработена од
Павел Шатев со натпис „Културата на Министерството на РМ“, објавува
Шпиц.


solja3.jpgСкулптура на wc-шолја, насловена како „празнење“, викендов осамна во паркот кај Спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје. На постаментот на wc-шолјата, за која никој од вработените во соседните дуќани не знаеше да каже кога е поставена, стои дека е изработена од Павел Шатев со натпис „Културата на Министерството на РМ“, објавува Шпиц.

Иако изгледот на скулптурата, на прв поглед упатува на заклучок дека станува збор за дел од владиниот проект за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје, во Министерството за култура негираат дека имаат каква било врска со споменикот, кој ги вџаши скопјани.

Колку за објаснување, самото име на авторот, е лик од историјата на Македонија, односно прочуениот солунски атентатор, а на плочата нема година на поставување и потпис од Министерството за култура, како на останатите скулптури што неодамна се поставени.

Освен тоа, алузијата со името на авторот упатува и на неодамна формираниот истоимен институт за политички истражувања, чиј основач е ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот за поставување 35 скулптури во центарот на градот, Министерството за култура го почна во јануари годинава со поставување на скулптурата Заљубени.  извор: А1

solja1.jpg
solja2.jpg

- Реклама -