Редовното вежбање нема да го спречи стареењето на мускулите, нивното опуштање и губењето на обликот. Ова се најновите резултати на Универзитетот „Loughborough“ во Велика Британија.„Го проучувавме стареењето на мускулите и дојдовме до заклучок дека кај некои луѓе вежбањето може позитивно да влијае, но кај некои нема да го спречи губењето на цврстината на мускулите“, изјавил Џејми Тимонс, професорот кој го спроведе истражувањето. Тој изјавил дека дури четвртина од луѓето кои вежбаат, не можат со тоа воопшто да си помогнат.
Контроверзните резултати се косат со досегашните сознанија дека физичката неактивност предизвикува опуштање на мускулите. Ова сознание веројатно ќе разочара милиони страстни „вежбачи“ ширум светот, бидејќи професорот тврди дека не постои значајна поврзаност меѓу физичката неактивност и стареењето на мускулите.
Најголем проблем за стареењето, навистина е опуштањето на мускулите, но кај дури 25% од луѓето кои редовно вежбаат, вежбите не помагаат околу решавањето на овој проблем.
„Едноставно за некои луѓе е подобро повеќе да се фокусираат на здравата исхрана и на квалитетниот сон отколку на вежбањето“, истакнал Тимонс.
Примери за познатите ѕвезди кои со опсесивното вежбање само ги истакнаа вените и им ги открија годините се: Мадона, Мег Рајан и Сара Џесика Паркер. Изразените вени се знак за претерано вежбање, а тие постануваат се поочигледни како старее телото. Од друга страна пак, Џејн Фонда со генерации претставува мотивација за жените да вежбаат, со оглед на тоа што таа и во нејзината 75-та година изгледа позгодно од повеќето жени кои се значително помлади од неа.