Паното со старото државно име „Република Македонија“, пред кое министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ја одржа вчерашната прес-конференција е старо пано кое Министерството за труд и социјална политика ниту еднаш го нема искористено откако е потпишан Препанскиот договор, вели дополнителната заменик министерка – Санела Шкријељ, во изјава за „МКД.мк“.
Според Шкријељ, во Министерството „дефинитивно постојат услови за одржување на прес-конференција согласно законот“, но Мизрахи свесно ја користела салата со старото пано. Според неа, целта на техничката министерка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е да упати порака дека не се согласува со Преспанскиот договор и истиот да го опструира.
Како што пишува и „МКД.мк“, на Мизрахи ова не ѝ е прва прес-конференција пред паното со „Република Македонија“. Од фотографиите во продолжение може да се види дека Мизрахи ја користела салата со старото пано и во неколку други прилики: