Шкотски десерт со малини

Кремастото слатко ќе ве освои на првото вкусување.

Состојки:

570 г. слатка павлака

85 г. овесни снегулки

7 лажици виски

3 лажици мед

450 г. малини

Подготовка:

1. Загрејте ги овесните снегулки во тавче и внимавајте да не загорат.

2. Изматете ја слатката павлака со миксер и додадете овесна каша, виски, мед и малини и сето тоа полека матете го додека не се соедини.

3.  Сервирајте во стаклени чаши за десерт и додадете неколку цели малини за декорација.

- Реклама -