Шкотска има најголеми нафтени резерви. Не ѝ требаат.

scotland[1]

Шкотска се наметна и останува на чело на битката против глобалното загревање, поставувајќи си за цел до 2020-та да постигне 100% обновлива одржливост на производството на енергија. Целта е и те како реална, затоа што Шкотска успеа да произведе 100% од дневната побарувачка на енергија, само со помош на ветерни турбини.

Иако се проценува дека Шкотска ја има најголемата нафтена резерва во Европа, земјата демонстрира дека не ѝ е потребна.

Планот за премин кон обновливи извори одамна е во тек. Шкотска моментално користи 39% обновлива енергија, нуклеарната генерира 33%, а 28% се генерирани од фосилно гориво. Но како што напомнавме, Шкотска неодамна впиша ново поглавје во националната историја кога произведе 106% од побарувачката на енергија во земјата. Не само што за прв пат ја исполнија целата дневна побарувачка, туку за прв пат произведоа и повеќе.

Достигнувањето не губи од својата значајност дури ни со оглед на фактот што рекордот од 7 август се должи на бурата со силни ветрови кои надминуваа и 185 км/ч.

„Овој момент е овозможен благодарение, делумно, на долгите години на политичка поддршка, а ова значи дека сега преку годината, обновливата енергија ќе придонесува со повеќе од половина од потребите за енергија“, рече Ленг Банкс – директор на WWF Scotland.

Згора на тоа, Шкотска не се потпира само на енергија од ветер. Земјата користи и тидална (таа од брановите), соларна и хидро енергија. Една е од првите земји што почнаа да ја собираат енергијата од водата. Политиката на низок карбон футпринт и економична обновлива енергија воедно обезбедува и 21.000 работни места. Сето ова наведува дека Шкотска е на прагот да постигне целосна обновливост.

- Реклама -