Романтично и со доза детски шарм… Пролетта и летото 2015 година е резервирано за шишки.
Најдобар пример за опуштени шишки од седумдесетите сигурно ќе ги препознаете во стилот на Џејн Биркин која со својата шик фризура и ден денес ги инспирира жените ширум светот. Сакате ли помодерна верзија на шишки, погледнете како ги носи манекенката Јулија Штегер, која имавме можност да ја видиме во кампањата за Chloé инспирирана од седумдесетите. Целта е косата да изгледа разлеано и нежно да паѓа во својата целосна слобода.
Единственото што никако не го препорачуваме е самите да се обидувате да ги исечете шишките, па затоа најубаво е да им се препуштите на експертите кои што знаат каква техника на шишање се крие зад овие шишки. Иамјте го на ум и тоа дека оваа фризура најдобро одговара на овален облик на лицето, додека девојките со коцкасто лице би требало да ја избегнуваат, бидејќи дополнително се нагласени цртите на лицето, а она што вие треба да го постигнете е да ги замаскирате строгите линии и да ги ублажите.
Убавината на овој стајлинг лежи во едноставноста, но и фактот дека одговара и на русокосите, како и на црнките девојки. За да ја задржите нежноста и опуштеноста од естетиката на седумдесетите, најдобро е косата да ја оставите чиста без посебни производи за стилизирање.
Акцентот е ставен на природната текстура на косата. Ваквата фризура најмногу доаѓа до израз на долга, густа коса која е богата со волумен, а за постигнување на динамика и светлост потребно е да ишишате неколку нивоа, бидејќи не сакате косата безживотно да паѓа покрај вашето лице. Ваквата фризура лесно се одржува, а се што ви е потребно е четка. Доколку сакате дополнително да го зачините изгледот, косата можете умерено да ја обликувате со помош на преса за коса, па да ја расчешлате за да задржите помалку неуредна шик нота.