Шимпанзата тагуваат после смртта на блиските (видео)

chimpanzees-understand-death_1Луѓето и шимпанзата имаат повеќе заеднички нешта покрај генетскиот код. Се покажа дека тие поседуваат способности за кои порано се сметаше дека ги има само човекот: тие сочувствуваат со другите, соработуваат меѓу себе и имаат чувство за себеси, а во последните студии научниците открија дека шимпанзата тагуваат после смртта на блиските, исто како луѓето.   

photo_chimp

Луѓето и шимпанзата имаат повеќе заеднички нешта покрај генетскиот код. Се покажа дека тие поседуваат способности за кои порано се сметаше дека ги има само човекот: тие сочувствуваат со другите, соработуваат меѓу себе и имаат чувство за себеси, а во последните студии научниците открија дека шимпанзата тагуваат после смртта на блиските, исто како луѓето.

Во текот на истражувањата беше снимана група шимпанза кои ја оплакуваа и се грижеа за постара женка која починала. Групата останала покрај неа уште неколку дена после смртта. Други научници, пак, забележаа дека женките со себе некое време го носат телото на мртвото младенче. Резултатите на двете студии беа објавени во магазинот Current Biology.

Научниците истакнуваат дека овие откритија упатуваат на тоа дека  другите видови, особено приматите, се послични на луѓето одошто се мислеше.  За некои од феномените се сметаше дека ги одделуваат луѓето од другите видови, како спососбноста за расудување, говорот, употребата на алатки, самосвеста, но истражувањата пружија доволно цврсти докази дека границите помеѓу нас и другите видови не се ни приближно јасни како што се мислеше. Свесноста за смртта е уште еден таков психолошки феномен, објаснуваат научниците кои ги направија истражувањата. 

Во првата студија беше снимена смртно болната женка Панси на возраст од 50 години. Како што повеќе се приближувала кон смртта, членовите на нејзината група станувале се потивки и останувале со неа во текот на ноќта, внимавајќи на неа повеќе од вообичаено. Откако Панси починала, нејзината ќерка останала покрај неа цела вечер, иако никогаш не спиела на таа платформа. Целата група била потиштена следните неколку дена и го избегнувала местото каде што Пенси починала. Исто така, членовите на групата се тешеле меѓусебно.

Во другато истражување на научниците од Оксфордскиот Универзитет, две женки ги носеле со себе мртвите тела на своите младенчиња речиси девет недели. Лешевите брзо се мумифицирале, а мајките ги бркале мувите од нив. Научниците кои учествуваа во истражувањето велат дека ова ја потврдува цврстата поврзаност на мајката и младенчето која продолжува и после смртта.

Шимпанзата и луѓето делат околу 99% од генетскиот материјал, а заради големата сличност некои научници сметаат дека овој вид примати би требало да добијат права како оние на луѓето.

{youtube}d89SlFc3qjI&{/youtube}
- Реклама -