Шимпанзата препознаваат задници како ние што препознаваме лица

150910120335-06-liberia-chimps-super-169[1]

Во тоа да препознаеш човечко лице има многу повеќе отколку идентификација на носот или устата. Се смета дека користиме нешто што е наречено „конфигурационо препознавање“ со кое ја процесираме целокупната фацијална структура одеднаш; Токму тоа е причината што ни треба малку повеќе време кога ќе видиме лице свртено наопаку, додека со другите превртени објекти ни е полесно (како куќи, или коли).

Научниците сега дојдоа до аргументи дека и шимпанзата имаат нешто слично на конфигурационо препознавање. Само што тие го користат за препознавање на задниците на другите мајмуни.

Во извештајот во PLOS One, истражувачите од Холандија и Јапонија објаснуваат дека собрале фотографии од задници на мајмуни, кои потоа им ги поделиле на тест-субјектите шимпанза, давајќи им да играат варијанти на играта „меморија“ – спарувајќи ги идентичните задници, со помош на екран на допир. Мајмуните побавно ја препознавале задната страна на нивните „сомајмуни“ кога сликите биле ротирани за 180 степени, што сугерира дека се потпираат на истиот конфигурален процес на препознавање што го користат луѓето.

Истражувачите исто така спровеле експеримент и кај група  луѓе. Очекувано, и тие побавно ги процесуирале лицата кога биле свртени наопаку, но немале таков проблем кога се работело за превртени слики од човечки задници.

Се смета дека шимпанзата еволуирале да се фокусираат на мајмунските задници заради нивната блискост со нив при движење во групи. Одејќи на четири нозе, тие буквално одат со лицето зад задникот на мајмунот пред нив. Тоа што женките што овулираат обично имаат црвени, потечени задници, е дополнителен бенефит за мажјаците да можат да ги идентификуваат. Уште повеќе, шимпанзата типично прават разлика меѓу женка-роднина и женка што не им роднина, спречувајќи „инбридинг“ т.е. потомство од вкрстување на генетски блиски единки.

Извештајот заклучува дека „откритието сугерира дека се случила еволуциона промена во социо-сексуалните сигнални функции од задниците кон лицата – два симетрични, атрактивни делови од телото без влакна, промена која ги ‘тјунирала’ човечките мозоци да процесираат лица, но и човечкото лице да биде повеќе како задник“ (што и да подразбираат под тоа).

- Реклама -